Детското стапало расте исклучително брзо . Истражувањата покачуваат дека должината на детското стапало при раѓањето е 5-7 см. Веќе во текот на првата година, детското стапало се зголемува за околу 4,5 см.

Развојот на стапалото завршува дури на 6 години, а својот конечен облик го добива во пубертетот. Првите неколку години се најважни за развојот на детското стапало, па поради тоа е особено важно да се носат соодветни чевлички.

*Редовно проверувајте ја величината на моите чевлички да не ми бидат мали!

*Колку често треба да се проверува величината на чевличките?
12 год 4-6 месеци
3 год 3-4 месеци
2 год 2-3 месеци
1 год 6-8 недели

Во текот на раниот развој, детското стапало е меко и коските на стапалото, лигаментите и мускулите допрва се развиваат. Носењето на малечки и тесни чевлички може во овој период да влијаат на неправилен развој на стапалчињата. Дечињата вообичаено не се жалат за премалите или претесните чевлички, па поради тоа е важно постојано да се проверува бројчето на чевличките.