При купувањето на чевли важно е да се направи правилен избор, како би можеле да го следат правилниот развој на стапалата. Правилниот развој на стапалата придонесува за правилен развој на целото тело.

За нашите најмалечки препорачливо е што подолго чекорење со боси ноџиња по камчиња, бидејки со тоа ќе се поттикне правилниот развој и ќе се стимулираат нервните завршетоци.

Секоја детска обувка треба да биде изработена од природен материјал (кожа), за слободно движење на стапалото да има оптимален простор и флексибилност. Со оглед дека детските ноџиња брзо растат, потребно е обувките да бидат доволно големи во предниот дел, како би можеле прстињата слободно да се движат. Исто така препорачливо е детските обувки да бидат и малку покомотни од страните како не би го притискале нежното детското стапало. Секако од големо значење е флексибилноста на ѓонот и на самото горниште, како би можеле непречено да ви вршат дневни активности.

Детските стапала различно се развиваат кај сите дечиња, најчесто доаѓа до деформација на чевлите , па од таа причина не е препорачливо де се носат веќе носени чевли.

Носењето на помал број на чевли или претесни чевли може да предизвика неправилен развој и трајни последици на коските, мускулите и лигаментите.

На што треба да внимаваме при купувањето на чевли:

  • Чевлите треба да бидар конфортни и да одговараат на должината на стапалото-не треба да притискаат ниту еден дел од стапалото во ширина, должина и висина. Предниот дел треба да биде доволно широк како би можеле прстите слободно да се движат, но исто така не треба да бидат прешироки како не би се соблекувале.
  • Да бидат доволно длабоки како би го држеле ножниот зглоб во правилна положба , освен во случај кога временските услови не го дозволуваат тоа.
  • Да бидат флексибилни. Ѓонот треба да може лесно да се свитка , а горниот дел треба да биде од мека кожа.
  • Детските чевли треба да бидат со анатомски облик-за поголема удобност и подршка за правилен развој.
  • Внатрешната влошка треба да биде од природен и мек материјал (препорачливо е природна кожа) за додатна удобност при движење.
  • Да се изработени од мека кожа.
  • Да бидат на пониска висина од пета, како би можела тежината од телото правилно да се распоредува.