- Со боси ноџиња.
Најдобро е да се движиме боси по површини што се со камчиња песок или трева. Овие површини го потикнуваат природниот развој на мускулите и стапалата и ги стимулираат нервните завршетоци. Доколку е возможно дечињата треба што помалку да се движат по рамни површини.
- Не грижи се за моите рамни стапала.
Во текот на првите месеци, детското стапало е меко и еластично поради тоа што сеуште не е прилагоено за оптеретување и движење. Рамните стапала најчесто се минливи во текот на развојот.
- Моите ноџиња се единствени.
Секое детско стапало во текот на развојот е единствено и се разликува од дете до дете. Токму поради оваа причина не се пепорачува да се носат чевлички веќе носени од други дечиња.
- Левата и десната нога не се исти
Можно е да има разлика помеѓу левото и десното стапало, па затоа потребно е при купување на чевличките да се пробаат и двете чевлички.
- После градинка во продавница
Во попладневните часови, ноџињата поради дневните активности ни оттекуваат и стануваат подолги и пошироки во однос на утринските часови. Од оваа причина препорачливо е чевлите да се купуваат во попладневните часови.
- Земи ме со тебе
При купувањето на чевличките најдобро е и вашето детенце да биде со вас. Чевличките треба да се пробуваат во стоечка позиција, бидејки стапалата тогаш се подолги, во однос на седечка или лежечка позиција. Подари различните модели на чевли, важно е детето да направи неколку чекорчиња во нив, за да можеме лесно да процениме дали моделот и бројчето се соодветни и како се чувствува детето во нив. Не заборавајте дека чорапчињата се задолжителни при пробување!
- Барем два пара чевлички
Без разлика на квалитетот, ви препорачуваме секое дете да има барем два пара чевлички кои може да ги менува.