Секој родител сака неговото дете што побезбедно да го открива светот. Поголемиот дел од дечињата од своите девет до осумнаесет месеци се обидуваат да ги направат своите први чекорчиња. Како за првите, така и за наредните чекорчиња, потребно е правилен избор на чевлички, со кои стапалото ќе ги следи во правилниот развој.
- Доволно широки
Бидејќи во предниот дел детските стапала се пошироки, во однос на петата, чевличките на тоа место не смеат да бидат тесни во ширината и должината. Внимавајте, бројчето да не биде преголемо! Особено е за важно за првите чекорчиња да бидат доволно длабоки, но и да бидат чизмички, освен доколку временските не го дозволуваат тоа.
- Ѓонот лесно да се витка
Добрите чевлички се препознаваат по еластичниот ѓон, лесното свиткување во делот кај прстите како и мекото горниште на чевличките.
Заради безбедност , важно е ѓонот да не се лизга.
Исто така и препорачуваме чевли без пета, како би можела тежината на телото рамномерно да се рапредели на стапалото.
- Природни материјали
Употребата на природни материјали овозможува поголема пропустливост на воздухот и полесно свиткување на чевлите.
Ви препорачуваме чевлите да имаат мека анатомска влошка изработена од природен материјал за оптимална удобност.